Зошто Да Нѐ Изберете Нас
HTS tentiQ е глобално познат бренд кому можете да му верувате дека ќе обезбеди голем избор, квалитет, глобално присуство и иновации за сите клиенти низ целиот свет. Компанијата ги комбинира на уникатен начин фокусираноста на клиентот врз семејните претпријатија, воведувајќи пионерска иновација на дизајн и напредни производни постапки.
Избор
огромен и разновиден асортиман на привремени структурни системи произведени во нашиот најсовремен производен капацитет во Германија. Капацитетот има произведувачки капацитет од 60.000м² нови структури неделно, со што се овозможува кратко време од нарачка до испорака, независно од големината на нарачката.
Глобално присуство
сопствен технички тим за продажба, стратешки распоредени низ целиот свет, кои нудат локално знаење, поддршка. Брзо снабдување, испорака и монтирање речиси секаде.
Иновација
постојана иновација со нова технологија, материјали и постапки што обезбедуваат оптимален дизајн и избор. Дизајнот вклучува основни, мали пагоди и прекрасни, уникатни и целосно приспособени полупостојани структури. Специјално наменет технички тим од дизајнери со CAD/CAM и градежни инженери за приспособени проекти.
Германски квалитет
сите производи се дизајнирани и произведени од HTS tentiQ во Германија. Компонентите се обработени на CNC машини и доработени рачно, а сите структури се произведени и целосно сертификувани по европски и меѓународни стандарди.
ЗА HTS tentiQ
HTS tentiQ беше создадена во 2001 година од Хајнц Родер, иноватор во индустријата, кој беше способен да инвестира речиси половина век искуство и знаење во формирањето и развојот на дејноста.
Денес, HTS tentiQ се смета за водечка снага во современата индустрија за структури и врши снабдување со најголем и најразновиден асортиман од современи и полупостојани шатори за настани и современи структури за приватните и јавните сектори низ целиот свет.
Компанијата во моментот вработува над 170 висококвалификувани и обучени работници на својата локација во Кефенрод, а поголемиот дел од нив се вработени во HTS tentiQ уште од формирањето на претпријатието. Ова вклучува силен тим од над 50 експерти за продажба, стратешки распоредени за да ги опфаќаат сите глобални региони и да пружаат локална поддршка, снабдување, дистрибуција и монтирање по потреба.
Историја
Денес новата фамилијарна компанија, HTS tentiQ дејствува на врвот во дизајнот и конструкцијата на привремени шаторски структурни конструкции а со неа раководи синот на Heinrich Röder, генералниот извршен директор Heinz Röder кој ја основа неговата нова компанија во 2001, продолжувајќи ја така фамилијарната традиција во новата генерација.
1959
Раните почетоци на бизнисот со шатори на фамилијата Röder започна со изнајмување на шатори од дрвена конструкција со покривни обвивки од платно за користење како сопствен инвентар за изнајмување на компанијата.
1961
Бизнисот на фамилијата Röder се проширува на пазарот со испорака на сопствени шатори кои сега се нудат за продажба на други компании за изнајмување на шатори.
1965
Почетната производна палета на компанијата се развива со внесувањето на челикот кој се користи како главен материјал за компонентите на рамковата конструкција наместо претходно користениот материјал од дрво.

1975
Развојот и достапноста на екструдираниот алуминиум, заедно со видните намалувања на тежината во споредба со челикот, се покажа како корисна алтернатива за конструкција на модуларните шаторски конструкции. Користењето на екструдиран алуминиум има дополнителна предност што можат да се користат интегрирани канали кои што видливо го подобруваат дизајнот, при што се користат „кедер“ канали за обезбедување на кровот и покривките на ѕидовите; преку кедер-фиксирачкиот систем новиот дизајн стана прав модуларен систем.

1978
Новата алуминиумска конструкција со кедер систем, заедно со растечкиот асортиман на дизајни за шатори брзо стана успех за бизнисот на фамилијата Родер. За да се капитализира растечката потражувачка за производите, фамијата Родер отвори нова фабрика исклучиво за масовно производство на нивните разновидни шаторски системи. Фабриката беше лоцирана во родниот град на фамилијата Röder во Волферборн, Бидиген, Германија.
1984
Постојаниот развој на производите му овозможи на бизнисот на фамилијата Röder да се истакне како важен играч на пазарот, врвот на развојната програма доведе до дизајн, производство и пуштање на пазарот на првиот во светот двоспратен модуларен шатор на повеќе нивоа кој беше сепак целосно демонтирачки – денес наоѓа примена во бројни примени ширум светот.

1992
Хајнц и Едвин Родер го ставаат фамилијарниот бизнис, RÖDER AG, на германската берза.
1993
Мнозинството акции на компанијата RÖDER AG ги презема Klöckner & Co AG. Во тој момент фамилијата Родер го отстапува сопствеништвото во компанијата.
1994
Хајнц Родер го финализира примопредавањето на бизнисот на Klöckner & Co AG и ја напушта RÖDER AG.

2001
По седум години водење други бизнис интереси Heinz Röder ја основа неговата нова специјализирана компанија за производство на привремени конструкции RÖDER HTS High Tech Structures KG, повторно со седиште во реонот на Волферборн, Бидинген, Германија.

2002
RÖDER HTS KG ги отвара првите продажни канцеларии во Обединетото Кралство, Франција.
2003
RÖDER HTS KG отвара продажна канцеларија за Средниот Исток.
2004
RÖDER HTS KG го презема бизнисот на конкурентот HÖCKER STRUCTURES, Бад Залцуфлен, Германија. Стратешкото преземање на HÖCKER STRUCTURES отвора нови пазари и го надополнува тогашниот асортиман на RÖDER HTS KG со нови производи.

2005
RÖDER HTS KG и HÖCKER GmbH формално се споија во едно трговско друштво познато како RÖDER HTS HÖCKER GmbH. За време на истата година, производните капацитети на RÖDER HTS and HÖCKER STRUCTURES се фузираат во еден нов високомодерен објект со површина од 42000m² со седиште во Кефенрод, Германија.


2006
RÖDER HTS HÖCKER GmbH отвара подружница во Сингапур.
2007
RÖDER HTS HÖCKER GmbH отвара стратешки подружници во Русија и Индија.
2008
RÖDER HTS HÖCKER GmbH воведува нов асортиман на шатори дизајнирани да бидат целосно компатибилни со други дизајни испорачани од други производители.

2009
Фамилијата Родер слави 50 годишнина во бизнисот со шатори на 2009 RÖDER HTS HÖCKER GmbH TENT-EXPO. Истата година е претставена патентираната хибридна рамковна конструкција од карбон и метална легура.


2010
Официјално претставување на патентираниот хибриден рамковно конструкционен систем од карбон во врска со алуминиум – конструкцијата е лесна и прва во светот во модуларната шаторска технологија со самоносечки должини.

2011
Фамилијарната компанија, RÖDER HTS HÖCKER GmbH е претставена глобално во 32 држави ширум светот. Компанијата го најави купувањето на 22000m² земја која граничи со моменталната производна хала со големина од 42000m² – новата локација ќе овозможи адекватен дополнителен простор за понатамошно ширење. Првата фаза ќе се заврши во октомври 2011 со изградба на 2600m² високомодерна хала за производство на PVC покривни обвивки.

2012
RÖDER HTS HÖCKER GmbH создава специјално наменет воен и хуманитарен оддел, во кој нуди специјализиран асортиман од лесни и разновидни брзомонтажни засолништа, дизајнирани да ги задоволат различните потреби на овој специјализиран сектор.

2015
Партнерската компанија HTS Industriebau е основана како специјалист за дизајн и производство на брзомонтажни структури со челични рамки.
2017
RÖDER HTS HÖCKER GmbH го стартува повторно својот воен оддел како HTS Rapid Deployment Shelters со нова специјално наменета интернет-страница.

Дизајн И Производство
Прочитајте повеќе за нашиот обемен дизајн, производните способности и капацитетите.